Вака Орбан се бори со белата чума: За семејствата со најмалку две деца, субвенции за куќа, автомобил и уште нешто
Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави денеска нови субвенции за сите жени кои се мажат пред 40. година, како и нови погодности за нововенчаните двојки и семејства.
„Се помалку и помалку деца се раѓаат во Европа. Што се однесува до Западот, нивниот одговор е имиграција. За секое дете што недостасува, би требало да дојде ново и дури тогаш бројките бил биле на место. Но нам не ни се потребни бројки. Нам ни се потребни унгарски деца“, рече денеска Орбан во обраќањето до нацијата.
Тој најави нова програма со седум точки кои ќе донесат ново погодности за нововенчаните двојки и семејства. Новите мерки ќе им овозможат на семејствата што имаат најмалку две деца да добијата субвенции за купување куќа, како и за купување автомбоил.
Жените кои имаат најмалку четири деца ќе имаат можност да не плаќаат личен данок на доход. Жените помлади од 40 години кои се мажат првпат, ќе имаат можност да добијат субвенции од 10 милиони форинти (36.000 долари), рече Орбан.
Третина од тој долг се отпишува кога жената ќе роди второ дете, а по третото, долгот целосно се отпишува.
„Тоа е одговор за Унгарците. Не е имиграциајта“, рече Орбан.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите