Живот
25. January 2017 - 11:18

Вака изгледаат 20 милиони долари под душек!

Американските власти во понеделникот покажаа 20 милиони доари кои во готовина ги нашле во кревет во стан во Масечусес.

Се верува дека станува збор за дел од пари од вкупно милијарда долари од притаена пирамидална измама.

ABCNews јавува дека во измамата е вклучена и фирмата TelexFree.

Наводно станува збор за измама која почнала во јануари 2012 и траела до 2014 година.

Полицијата скриените пари ги нашла на почетоко од овој месец во станот на Рене Ризерија Роче (28).

Тој е уапсен под обвинение за здружување во група која перела пари.