Џет-Сет
19. February 2017 - 10:18

„Вака изгледа жив леш“ - Анџелина Џоли има 34 килограми

Додека на големо се зборува за анорексијата на Анџелина Џоли, на нејзината премиера во Камбоџа на филмот „First they killed my father“, таа привлече огромно внимание кај медиумите.

Фотографиите кои беа снимени таму, експресно се реширија на интернет и за час ја обиколија планетата. Сите беа шокирани од изгледот на најубавата актерка и сметаат дека одамна ги нема облините од порано.

„Вака изгледа жив леш“, гласи само еден од коментарите.

Сепак, има и такви кои мислат дека не изгледала никогаш подобро и дека успешно се опоравува од тешкиот период во животот.