Македонија
26. May 2019 - 19:29

Вака изгледа македонскиот автобус кој удри во надвозник во Пловдив

Возачот не го забележал предупредувањето за ограничена висина од 3,3 метри на возилата кои можат да поминат под надвозникот, па удрил во надвозникот, при што буквално останал без покривот.
 
За среќа, нема настрадани, бидејќи во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, но е причинета серозна материјална штета.