Живот
7. November 2016 - 12:19

Вака изгледа кога пингвини ќе се степаат поради љубов

Пингвин кој накратко ја оставил својата женка сама во гнездото побеснел од љубомора кога се вратил и ја затекнал со друг мажјак. Крвавата тепачка која следувала била забележана од камерите, а снимките за кратко време го запалија интернетот. Пингвините кои инаку се познати по тоа дека на своите партнери им остануваат верни цел живот, понекогаш знаат да направат отстапки и да изненадат.