Свет
16. November 2015 - 22:57

Вака изгледа кога ќе ти намигне смртта: Крвникот и се насмевна на камерата пред масакрот во Париз

Скај њуз објави видео на кое јасно се гледа терористот Салах Абдеслам, кој ноншалантно се шета низ Париз и не само тоа, Салах релаксирано и намигнува на камерата.

Тој влегува во кадарот на една од градските камери, намигнува и заминува по својот пат.

Инаку снимката е направена на петок 13, денот кога беа извршени низа терористички напади во срцето на Франција, каде загинаа 130 невини луѓе, 300 се повредени од 99 се во критична состојба.

По Салах Абдеслам трага речиси целата планета, затоа што тој е еден од главните организатори на терористичкиот напад.

Погледнете го видео: