Свет
4. January 2018 - 17:39

Вака изгледа кога ќе се построи најголемата армија на светот: 2 милиони војници се заколнаа на верност на командантот

Кинеската армија објави импресивна слика на построените единици во провинцијата Хебеј, каде што им се обрати претседателот Си Џинпинг.
 
Џинпинг на војниците им рече  дека „секогаш да бидат  подготвени да се борат и така сигурно ќе победат" и да не се плашат ни до смртта. 
 
Вооружените сили се собраа на повеќе од 4.000 локации во Кина за да го слушнат говорот на врховниот командант, а потоа сите, вртејќи  се кон црвено знаме, се заколнаа дека решително ќе ги исполнат сите наредби на Си.
 
Кинеската Народна Ослободителна Армија е најголемата постоечка армија во светот, со приближно 2.183.000 припадници на вооружените сили. 
 
Армијата е поделена на пет генерации - морнарица, земја, воздух, ракетни и стратешки сили за пружање на поддршка. 
 
Се смета дека армијата е многу добро опремена, особено во контекст на голема модернизација која е во тек во последниве години.