Свет
14. November 2018 - 18:57

Вака изгледа драматично слетување од пилотската кабина: Погледнете како се избориле со силното невреме додека ветерот носел се пред себе

Авионот Боинг 737-800 слета на аеродромот во Палма Де Мајорка токму кога имало силно невреме.
 
На снимката која е направена од пилотската кабина се гледа како авионот почнува да се тресе, додека видливоста на пилотот паѓа на нула.
 
Брзината на ветерот за време на летот достигнала 60 километри на час, па пилотите го спуштиле авионот преку системот за автоматско управување.