Свет
15. March 2019 - 11:30

Вака е уапсен терористот од Крајстчерч: Сакал да бега со автомобил, но полицајците се залетаа во него и го запреа

На интернет се појави видео на кое се гледа како е уапсен терористот Брантон Тарант, кој во џамиите во новозеландскиот град Крајстчерч уби над 40 лица.

Тарант со автомобил дошол до џамијата, вооружен до заби, а потоа од возилото го извадил оружјето и пукал по муслиманските верници.

Врз основа на снимката може да се заклучи дека по масакрот Тарант тргнал да бега со автомобилот, но полициски автомобил, буквално удрил во него и го запрел.

Снимено е како Тарнат лежи на земја додека полицајците го држат врзан.