Loading Video...
Спорт плус
9. October 2019 - 19:54

Вајкерт: Ќе го поддржиме развојот на пинг-понгот во Македонија

Во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција по повод ИТТФ турнирот за јуниори и кадети во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кој започна вчера, а ќе трае до 12 октомври. На прес конференцијата говореше претседателот на Светската пингпонгарска федерација, Томас Вајкерт кој се забллагодари за целокупната организација на турнирот, им посака многу среќа на сите учесници и изрази надеж дека пинг понгот во Македонија ќе се афирмира се повеќе меѓу младите. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски исто така истакна дека организацијата на овој турнир е многу важна за подигнување на овој спорт, и искажа задоволство од тоа што Скопје е домаќин на еден ваков турнир од светски размери. На прес конференцијата се обрати и претседателот на македонската пингпонгарска федерација, Горан Тиловски истакнувајќи дека во последниот период се прават напори да се отворат се поголем број на пингпонгарски школи каде младите ќе можат да ги изучуваат вештините на пингпонгарската игра, па и да се стремат кон постигнување на меѓународни успеси.