Вајгл за МИА: Во јуни оваа година треба ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија
Европратеникот од Либералите, Иво Вајгл, во изјава за МИА им честиташе на пратениците за денешното гласање, јави дописничката на МИА од Брисел.
Тој порача дека со гласањето на потребните измени за Преспанскиот Договор во Македонија, а потоа, се надева и во Грција, Европската унија „треба да ги отвори преговорите со Северна Македонија во јуни оваа година, како што и беше ветено на земјата“.
-За земјата која од денес го носи името Северна Македонија, а останува горда татковина на Македонците, Албанците, Ромите и сите други заедници, Собранието донесе историска одлука. Се отвораат вратите за влез на земјата во ЕУ и НАТО, како и перспектива за плодни односи со соседните земји во регионот. Со договорот од Преспа, владите во Атина и Скопје покажаа дека со меѓусебните спорови кои ги оптоваруваат односите можат само да се решат со добронамерни и трпеливи преговори и договори, рече Вајгл за МИА.
Тој додаде дека „по тесното гласење во Собранието, пред земјата и политичките лидери сега стои исклучиво важна задача“.
-Конструктивна соработка и помирување во корист на целата држава и сите нејзини државјани е клучна за државата, изјави европратеникот за МИА.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка