Македонија
16. October 2015 - 16:39

Вајгл: Сите политички партии да придонесат за позитивен извештај

Ако не се почитуваат роковите предвидени во договоровор од Пржино, Македонија може да западне во голема политичка криза, порача европратеникот и известувач за земјава во Европскиот парламент, Иво Вајгл по средба со лидерите на политичките партии.

Тој изрази надеж дека извештајот за напредокот на Македонија ќе биде позитивен и дека во него ќе ја види земјава како идна кредибилна членка на Унијата. Вајгл од медиумите побара да го поддржат политичкиот договор и да извршат поголем притисок врз партиите за негово имплементирање.

Во рамки на дводневната посета на Македонија, Вајгл оствари поединечни средби во премерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Поповски, лидерот на СДСМ Зоран Заев, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

По средбата со Вајгл политичките партии попладнево повторно седнаа на заедничка маса за да ги решат проблемите кои ги запреа  преговорите за имплементирање на договорот од Пржино.