Македонија
6. November 2017 - 16:13

В среда пресуда за „Тврдина 2“

Во среда Кривичниот суд ќе ја соопшти пресудата за случајот Тврдина 2 на СЈО. Специјалното обвинителство бара најстрога затворска казна за екс-началникот на Петтата управа Горан Грујевски и алтернативни казни за 6-те службенички во УБК, обвинети за уништување на опремата за прислушување. Обвинителствот тврди дека Грујоски намерно ја уништил опремата со цел да ги сокрие трагите за нелегалното прислушување, а отежителна околност е неговото бегство.  

Одбараната на Грујевски, пак побара судот да ги ослободи обвинетите бидејќи во овој случај не постои кривично дело. Според адвокатите Специјалното обвинителство не е надлежно да го води овој предмет бидејќи тој ниту произлегува ниту е поврзан со прислушуваните разговори.

Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски и натаму се наоѓаат во екстрадициски затвор во Грција, каде на 1 декември ќе им се суди за поседување на лажни патни исправи. Доколку Грујевски биде екстрадиран во земјава по објавата на пресудата, тој има законскоправо да бара повторување на целата постапка за предметот Тврдина 2 која се одвиваше во негово отсуство.