Спорт плус
7. November 2015 - 19:56

В недела брзопотезен турнир во х.Александар Палас

Утре недела во х. Александар Палас ќе се одржи меморијалниот турнир Тодор Митров Тиката кој е од меѓународна категорија и се очекува учество на шахисти од 10 земји. 
Турнирот се одржува во знак на сеќавање на еден од доајените на македонскиот шах, легендата на Кавадарци, Тодор Митров- Тиката а покровител е неговото семејство. 
Бидејќи настапот е без ограничување се очекува учество на голем број шахисти  а наградниот фонд е 300 илјади денари. 
Темпо на игра е 15 минути а ќе се играат 9 кола по швајцарски систем според правилата на ФИДЕ за забрзан шах.