Живот
26. January 2018 - 14:26

Уживале во партија голф, а потоа оваа глетка ги шокираше: Џиновски питон се бореше со алигатор, еве кој го извлече подебелиот крај

Луѓето кои обично играат голф истакнуваат дека престојот во природа им е главна мотивација, но група голфери на Флорида минатиот викенд доживеа „малку повеќе природа“ отколку што планирале.

Глетката која ја затекнаа на уредениот голф терен потполни ги шокираше. Имено, кога дошле до дупката бр. 10 затекнале огромен алигатор, испреплетен со бурмански питон.

„Див ден кај дупката бр. 10 денеска. Ова се алигатор и бурмански питон врзани. Изгледа дека алигаторот имаше среќна рака, напиша еден од голферите на својот Фејсбук профил покрај сликата од борбата.

На фотографиите се гледаат голфери кои лежерно продолжуваат со својата игра препуштајќи и на природата да си оди по својот тек, додека алигаторот бавно ја џвакаше опашката на питонот.

Инаку на Флорида не е првпат луѓето да ги затекнат двата опасни предатори во меѓусебна борба, а речиси секогаш питонот го извлекува подебелиот крај.

Меѓутоа уште во 2005 година е забележан случај во мочуриштето Еверглејдс кој целосно ја збуни јавноста кога се појави фотографија од распаран питон од кој ѕиркаше алигатор.

Како што тогаш објаснија експертите, алигаторот очигледно бил преголем плен за питонот што резултирало со смрт на двете животни.