Македонија
27. April 2019 - 9:09

Уживајте во сончевото време, температура до 28 степени

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 12 степени, а дневната температура од 21 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната температура до 27 степени.

До сабота ќе преовладува топло време со значителен пораст на температурата на воздухот. Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има во сабота.