Македонија
29. December 2018 - 8:01

Уживајте во сончевото време, температура до 12 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до нула, а дневната од четири до 12 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.

Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до шест степени.

До недела ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на магла по одделни котлини. Во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, а снег на повисоките места и на планините. За време на новогодишната ноќ ќе дува северен ветер и ќе има слаби локални врнежи од снег.