Македонија
19. November 2015 - 11:26

Уживајте во сонцето уште малку - Еве кога ќе вее снег

До утре ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во сабота и недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во северозападните и западните делови, каде на повисоките планини ќе има услови за повреемени врнежи од снег.