Македонија
23. May 2016 - 8:17

Уживајте во сонцето - Од утре влажен бран и пад на температурите

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно југозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 17 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе достигне до 26 степени.

Во вторник и во среда ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен и северозападен ветер, а температурата ќе опадне за неколку степени. Потоа во наредните денови се очекува стабилно и потопло време.