Македонија
19. May 2016 - 8:21

Уживајте во сонцето - Од утре влажен бран и пад на температурите

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 20 до  26 степени. УВ=7

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност.

Утринската температура до шест, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Под влијание на влажен бран, во петок и во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Пообилни врнежите ќе бидат во петок во вечерните часови, особено во западните и јужните делови и се очекува да наврнат и над 30 л/м2. Во сабота дневната температура ќе опадне за 5 до 6 степени, а од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура.