Балкан
13. јуни 2018 - 18:51

Ужице ова не го памети: Вода до појас, поплавени улици и автомобили, надојдената вода носи се пред себе

Западна Србија денеска ја погоди силно невреме, а Ужице доживеа вистински потоп предизвикан од силниот град, реки на улиците и грмежи кои татнеа без престан повеќе од 10 минути.

Социјалните мрежите во меѓувреме се преплавија со видео снимки на кои се гледаат незапаметени глетки - град кој непречено тепа и реки од вода низ улиците.

Врз Ужице се истури толкаво количество на вода што нивото буквално стигна до појас, а автомобилите се поплавените. Погледнете сами: