Свет
11. February 2019 - 14:49

Ужасно злосторство среде бел ден: Таксист извлекол шестгодишно дете од таксито и со шише го заклал пред неговата мајка

Таксист во Медина, исламскиот свет град во Саудиска Арабија, со скршено стакло му ја отсекол главата на малиот Закарија ал Џабер (6) среде улица.

Детето и неговата мајка во четвртокот се враќале од светилиштето на пророкот Мухамед кога таксистот наеднаш запрел во квартот Ал Тилал, излегол од автомобилот и го извлекол детето надвор.

Потоа го одвлекол до блиската продавница за кафе, скршил шише и на детето му го пресекол вратот, па продолжил да го боде!

Несреќната мајка, која беспомошно се обидувала да го спречи, се онесвестила од ужас. Сведоците зборуваат дека и полицаецот кој се затекнал тука скокнал кон полудениот таксист. Кога конечно успеал да се оттргне од несреќното дете, веќе било доцна. Можел само да ја причека Брзата помош и полициското засилување.

Погреб на малиот Закарија

Иако саудиските власти брзо издадоа соопштение ека таксистот бил болен и дека затоа убил дете, локалните жители тврдат дека детето било убиено поради верска омраза. Имено, детето и мајката припаѓаат на шиитското малцинство. Таксистот ја прашал мајката кога влегла во таксито со Закариа дали се шиити, а таа, судејќи по се, веројатно му рекла дека се.

Во Саудиска Арабија чести се случаите синитите да ги малтретираат малцинските шиити.