Живот
16. February 2017 - 17:20

Ужасно злосторство: И го убил момчето и ја силувал два пати дневно

Кала Браун и нејзиното момче Чарлс Карвер (32) биле киднапирани од страна на нивниот шеф инаку сексуален престапник Тод Колеп.

Чарлс го убил, а Кала два месеци ја држел заробена на својот имот и ја силувал по два пати секој ден.

-Ми рече дека можам да живеам се додека му служам, раскажа Кала (30) која два месеци била врзана со ланци во метален контејнер.

Манијакот Колеп ја силувал Кала два пати дневно, се додека во декември не ја спасиле полицајците при претрес на имотот.

Убиецот и се заканил дека ќе ја убие ако се обиде да побегне или да му наштети.

Колеп сега е осомничен за убиство на седум луѓе, киднапирање и поседување оружје.

Kala sa svojim ubijenim dečkom

Фото: Кала со своето момче

Се почна на нејзиниот 31. роденден минатата година. Убиецот ги повикал и ги замолил да му помогнат да го расчисти дворот. Кога стигнале ги однел во гаражата, а тој се вратил во куќата од каде по неколку минути излегол и почнал да пука.

Чарлс го погодил 3 пати во градите, а на Кали рацете и нозете и ги врзал со лисици и и ја затворил устата, а потоа ја затворил во контејнер.

Колеп на Кали и рекол дека и го убил момчето зошто е „полесно да се контролира некој ако му се одземе некој кого сака“.

Кала знаела дека нејзиното семејство нема да престане да трага по неа, но кога на имотот слушнала гласови пред контејнерот во кој била заробена, се исплашила дека манијакот донел уште некого. Набрзо сфатила дека тоа е полицијата.

Почнав да врескам и да удирам по ѕидовите, рече Кала.

Полицијата на имотот пронајде плиток гроб бо која Колеп го закопал Кервер, а убиецот сам им покажал и каде ја закопал двојката која исчезнала во декември 2015 година.