Балкан
1. November 2016 - 12:55

Ужасни детали за злосторството што го потресе регионот: Ги заклал сопругата и синот па се разнел со бомба

Раде Големовиќ (60) вчера ја закла сопругата Бранкица и синот единец Божидар (19), а потоа се разнесе со бомба пред семејната куќа во Градина кај Бањалука.

Мештаните од Градина раскажуваат дека околу 5.30 часот утрото ги разбудила силна детонација, но никој не можел да претпостави за што се работи. Семејната трагедија која ја шокираше Бањалука и регионот, во полиција е пријавена неколку часа подоцна, кога работник од „Електрокрајина“ пред куќата на Големовиќ забележал труп на постар човек.

 
 

-Дури откако работникот кој ја читал струјата по домаќинствата го видел трупот случајот е пријавен во полиција. Шокираните соседи, пријатели и роднини на Големовиќ се изненадени од оваа незапаметена трагедија.

-Раде, неговата сопруга Бранкица и синот Божидар беа луѓе за пример. Зошто дојде до трагедијата може само да нагаѓаме. Раде делуваше како стабилна личност, вели соседот кој последен пат ги видел живи сите тројца.

-Во неделата ми беа пред куќа. Раде ми донесе цвекло, а јас му понудив чашка ракија, па потоа си замина дома, вели Добраш. Тој се присетува дека Големовиќ силно биле погодени од тоа што Раде морал наскоро во пензија и така не би можел да му го плати образованието на синот Божидар, кој одел во четврта година во Средното електротехничко училиште во Бањалука.
 
Пред куќата на стравот вчера се собираа роднини и пријатели на семејството кои не можеа да ја опишат тагата.
-Ете каков е животот, еден ден ги гледате луѓето и нивното дете, момче кое беше вредно и пример за останатие, а другиот ден се будите и дознавате за трагедиајта и дека тоа семејство е збришано. Што се случува со народот, прашува една роднина.
 

Истраггата покажа дека Раде синот и сопругата ги заклал на спиење, по што си пресудил со бомба пред куќата. Телата се испратени на обдукција.