Македонија
15. February 2018 - 13:23

Ужасна трагедија во Сарај, прегазено 7-годишно дете

На ул. „20" во с. Сарај вчера во 18 часот патничко моторно возило „Сеат Ибица" со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Скопје удрило  во седумгодишно дете.

По незгодата, детето со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза", каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржано на  лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.