Ужасна трагедија: Српско семејство загина на автопат во Германија, на Ангела (19), нејзиното момче и вујкото им немаше спас
Ангела М. (19), нејзиното момче и вујко загинаа во сообраќајна несреќа која се случи во неделата на автопат во Германија, а лекарите се борат за животот на нејзиниот роден брат (14), додека повредениот татко на Ангела, Миле (46) е во стабилна состојба.
Семејството кое доживеа страшна трагедија, живееше во Брза, село во близина на Лесковац. Ангела во јули по завршувањето на средно училиште во Белград, заминала во Германија каде што живееле нејзините родители, како и помладиот брат.
- Миле е роден во Германија, но во еден момент во младоста дошол од Германија во Брза, и останал се до минатата година кога пак се вратил таму. Мајката на Ангела можеби пред година дена со синот отишла кај сопругот, а Ангела во јули. Вујкото кој исто така загина во сообрќајката, пред неколку месеци заминал на работа во Германија - раскажува извор близок до семејството кое го погоди голема трагедија.
Во Белград Ангела живеела кај бабата, а завршила мултимедијална насока во едно училиште. Ова лето заминала кај родителите и требало да ги среди документите како и тоа да најде работа.
-Нејзиното момче отиде да ја изненади, да ја види. Но, загинаа двајцата. Тажно, трагичном не знам што да кажам. Скршена сум. Се слушнав со мајката на Ангела, таа ми јави дека загинале. Во шок сум, вели извор близок до семејството.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај