Свет
1. July 2018 - 21:27

Ужасна трагедија на плажа: Експлодираше дворец на дување, девојче летало 6 метри, паднало на земја и починало

Едно девојче загина кога и експлодираше дворец на дување, а таа падна од скокалницата.

Несреќата се случи на плажа во Норфолк. Полицијата е повикана да дојде на плажата во Горлестон околу  11.15 часот по локално време, по што им е јавено дека дете излетало од дворец за скокање.

Девојчето е префрлено во болница со тешки повреди, каде починало нешто подоцна. Според наводите на сведоците, дворецот на дување експлодирал, а детето одлетало во воздух.

Како што додаваат, дворецот експлодирал додека девојчето било во него, а поради експлозијата одлетало повеќе о 6 метри во воздух, а потоа паднало на земја.

Сара Алард која е сведок на несреќата вели дека нешто силно пукнало, но повеќето капачи не насетиле каква трагедија се одигрува на плажата. Во тек е истрага која вклучува надлежни за здравје  и безбедност, локални власти и полциија.

Дворецот на дување на наоѓа на местото каде се игралиштата за деца, во близина на ланец продавници, истакнува Би-Би-Си.