Свет
15. November 2016 - 15:26

Ужасна снимка: Tинејџери во Русија пукаат на полиција па се самоубиваат и се тоа го пренесуваат во живо!

Трагедија во северозападната руска област Псков. Двајца тинејџери на возраст од 15 години се пронајдени мртви во куќа, откако претходно пукале на полицијата и ја раниле мајката на девојката. Сето тоа одело во живо на социјалните мрежи. 

Последното нешто што 15 годишниот Денис Маравјов го поставил на руската социјална мрежа ВК било следното: Те сакав, но ти не забележа како го уништи мојот ум и живот. Довидување семејство, пријатели и познаници. Не грижете се, заминувам во стил.

На видеото кое било емитувано на социјалните мрежи се гледа како девојката Катја му вели на момчето : Немаме повеќе опции. Денис и одговара: Ако не се предадеме ќе умреме, ако се предадеме нема веќе никогаш да се видиме! Се слуша како се шегуваат и се смеат, а потоа кога Денис ќе почне да пука Катја вриснува. Кога тој пука на полицијата таа се смее...

- Се работи за ужасна трагедија. Ги истражуваме деталите како се случи сето ова - вели правобранителката за деца Ана Кузнецова за Тасс.

Истрагата се обидува да ги најде причините за очајничкиот чекор на двајцата млади.

Полицијата била повикана пред куќата како дел од потрага по исчезнат тинејџер.

Во куќата на Катја имало оружје бидејќи нејзиниот очув бил припадник на специјалните сили.

На снимката од настаните кои претходеле на самоубиствата, тинејџерите зборувале за своите несогласувања со родителите. Мајката на Катја која била погодена од куршум во ногата, била бесна поради тоа што Денис отишол кај нејзината ќерка. Двајцата тинејџери, според нивниот разговор, биле затворени во куќата полна со оружје, три дена!