Живот
9. August 2018 - 14:39

Ужасна снимка од Швајцарија: Црна маса одеднаш затрупа планинско село

Во Швајцарија е снимена опасна поплава од кал која рушела се пред себе.

Поради силните дождови, од планината во Шамозон се откорна големо количество вода во комбинација со земја и парчиња карпи.

Оваа густа каллива маса со парчиња камења набрзо од планината дошла до местото и направила хаос.

Мештаните снимија како оваа стихија од каллив излив од коритото го прекрива градот.

Кога масата стигнала до мостовите, не можела да помине под неа па парчињата кал и карпи летале во воздух заканувајќи се да ги повредат жителите.

Како што се гледа на снимката, опасни парчиња кал и камења паѓале на патот, врз автомобилите и блиските куќи.