Балкан
29. October 2015 - 17:56

Ужасна приказна на мајка од Србија: Ќе се одмаздам што ми се самоуби детето!

Трагичната судбина на 14-годишниот Алекс Јанковиќ, кој се уби пред четири години поради насилство од страна на неговите соученици од основното училиште во Ниш, како да не беше доволна опомена за надлежните.

Алекс имал потрес на мозокот, ногата му била во гипс и му била дијагностициран „посттрауматски синдром“ бидејќи неговите соученици го злоставувале повеќе од осум месеци пред очите на наставниците, а четири години по неговата смрт, поединците кои можеле, а не ја спречиле трагедијата, дури и напредувале. 

- Нема да запрам додека сите кои можеа да му помогнат на мојот Алекс, а не го направија тоа, да добијат откази. Се каам што верував во училиштето. Полека го убиваа со постапките и за на крај вистински да го убијат. Сега се грижам за моите две ќерки, кои само тие ми останаа, раскажува мајката Драгана.

Алекс постојано се  жалел на својата мајка за злоставувањето во училиштето. 

- Му зборував: Алекса, сине ќе видиш дека ќе биде се во ред, а тој ме погледна ги тргна шишките од чело и рече: Аха, не знаеш ти како е кога одиш во училиште, продолжува да зборува Драгана.

По долгото малтретирање, Алекс се повлече во себе, му падна егото, се плашеше за својот живот и живото на своите најмили. 

Во мај 2011 година Алекса повеќе не можел да издржил и се убил скокајќи од третиот спрат од зградата. 

Родителите велат дека поднеле кривична пријава до професорите во училиштето и се надеваат дека правдата ќе ги стигне.