Фудбал
9. November 2018 - 9:39

Ужасна повреда на напаѓачот на Арсенал: Му даваа кислород на теренот, итно префрлен во болница

Напаѓачот на Арсенал Дани Велбек доживеа ужасна повреда на мечот против Спортинг во четвртото коло од Лига Европа.

Дени Велбек се повреди по еден воздушен дуел во казнениот простор на Спортинг о 24. минута, а го повреди скочниот зглоб. Веднаш беше јасно дека се работи за тешка повреда. Лекарскиот тим влета во теренот и веднаш му укажа помош на несреќниот фудбалер. Мораа да му дадат и кислород на самото место. Велбек ре префрлен во болница каде останал во текот на ноќта.

Менаџерот на Арсенал Унаи Емери рече дека повредата на Велбек сериозно ги потресла играчите од неговиот тим

„Мислиме дека повредата е сериозна, но имаше шанси и имаше добар меч. Повредата влијаеше на менталитетот на играчите и тие видоа дека повредата е сериозна. Кога играш фудбал овие работи се случуваат, не го сакаме тоа ама така е“, рече Емери.