Македонија
27. April 2019 - 12:55

Ужасна несреќа во Македонија- Прегазил дете и избегал

Околу 17,00 часот на локалниот пат за село Пласница- Македонски Брод кај м.в.„Курикамења“ се случила сообраќајна незгода во која возач во возило со засега непознати регистарски ознаки удрил во 12-годишната С.Џ. која управувала велосипед.

Возачот го напуштил местото на настанот, а на малолетничката и е укажана помош во Медицински центар Кичево,а потоа и во Медицински центар Битола, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа Полициската станица Македонски Брод и се работи на расчистување на случајот.