Живот
30. јуни 2019 - 9:41

Ужасна несреќа во Луна парк во Узбекистан - на самото место загина тинејџерка

Страотна несреќа се случи во Луна парк во местото Џизак во Узбекистан.

Во текот на возењето на една од атракциите во забавниот парк дошло до пукање на металното клатно на кое била отворената платформа со луѓе која потоа паднала на земја.

 

Во несреќата загинала една тинејџерка (19). Според информациите што ги објави Мирор, атракцијата која вртела десетина посетители во еден момент попуштила, се скршила на половина и со сета сила треснала на земја од голема височина.

Смеата и радоста без заменети со крикови и вресоци, а луѓето им притрчале на помош на настраданите. Меѓутоа М.Х. останала мртва на самото место, а не е соопштено колку луѓе се повредени во падот на тешката платформа.