Ужасен крај на еден шаман: Влезе во езерото мислејќи дека ги контролира крокодилите | Сител Телевизија
Живот
19. September 2017 - 20:48

Ужасен крај на еден шаман: Влезе во езерото мислејќи дека ги контролира крокодилите

Индонезиски шаман влегол во вода полна со крокодили верувајќи дека е недопирлив.

Ова е моментот кога човекот кој тврди дека има натприродна контрола над крокодилите умрел откако еден од рептилите почнал да го влече шаманот во вода.

Супријанто умрел откако крокодилот го повлекол под водата во езерото Кутаи Картанегери во Индонезија, и покрај тоа што себеси се нарекувал паванг буаиа.

Сведоците тврдат дека во петокот на устието на реката Муара Јава го нападнале крокодили. Тој влегол во езерото за да го најде телото на човекот кој претходно го убиле крокодилите.

 Но Суприанто е убиен во текот на мантрата додека пливал и пеел во езерото.

Полицијата во недела ги најде двете тела, додека шефот на кабинетот Кутаи картанегаре им рекол на новинарите дека Суприанто е пронајден во водата во 21,40 часот.

-Мислам дека крокодилот го одвлекол под вода, а тој потоа останал без кислород. Телото останало недопрено, рече тој.

Ова е само еден во низата инциденти со крокодилите во оваа област.