Балкан
8. April 2019 - 12:15

Ужас во Суботица: Дете (14) пронашол експлозивна направа во плакар во домот, остана без прсти

Четиринаесет годишниот Д.Е. е тешко повреден во Суботица, кога во плакар во семејната куќа пронашол експлозивна направа која му експлодирала во рака.

Во таа прилика, несреќното дете се здобило со тешки телесни повреди, а како што неофицијално се дознава, ампутирани му се неколку прсти, а има и повреди во пределот на лицето и телото.

Детето е пренесено во Инситутот за здравствена заштита на деца и младина на Војводина, во Нови Сад.

Истрагата е во тек.