Македонија
5. March 2019 - 11:55

Ужас во струмичко: Бебе пронајдено мртво во јама

Бебето кое го родила 19-годишната струмичанка било пронајдено во јама, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата. Бебето било мртво.

Во СВР Струмица, случајот е пријавен на 3 март, кога доктор од струмичката болница јавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко.

По извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила.

Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, а бебето не е најдено.