Фудбал
31. October 2018 - 23:17

Ужас во Шпанија: Фудбалер на Реал Сосиедад доживеа мозочен удар

Фудбалерот на Реал Сосиедад Лука Сандали доживеа благ мозочен удар, соопшти вечерва шпанскиот клуб.

Сосиедад во краткото соопштение наведе единствено дека 23-годишниот Сангали утрово доживеал благ мозочен удар и дека моментално е во болница.

Лука Сангали кариерата ја почна во Реал Сосиедад, а оваа сезона игра одлично.

Реал Сосиедад моментално е на 12. место на табелата на Примера со 12 бодови.