Живот
12. March 2019 - 17:45

Ужас во Шкотска:Отишол со својата ќерка во парк, па завршил во болница со крвава рака поради скриен жилет на лизгалка

Рос Ламберт бил со својата ќерка во локалниот парк во Шкотска кога го расекол својот палец на жилет кој бил скриен во дрвениот држач од лизгалката. 
 
- Луѓето кое тоа го ставиле таму се уличари, замислете да се расечеше четиригодишно девојче на тоа, а не јас, напишал тој на својот Фејсбук профил. 
 
Повредениот родител завршил во болница. 
 
- Завршив со три многу болни конци, и се праувам кој е мотивот на овие луѓе кои стојат позади ова? Кој и да е на него му треба сериозна помош, заклучил повредениот човек.