Свет
18. December 2018 - 22:41

Ужас во Ротердам: Ученичка (16) убиена пред училиште

Холандската полиција соопшти дека 16-годишна ученицчка е убиена денеска со пиштол пред училиште во Ротердам.

Полицијата наведе дека осомничениот убиец е уапсен набрзо по пукањето кое се случило во куќичка за велосипеди.

Жртвата и осомничениот се познавале, но не е откриено во каков однос биле.

Локалните медиуми наведуваат дека станува збор за средно стручно училиште, таканаречен Колеџ за дизајн во Ротердам.

Ова убиство се случи речиси недела дена откако американска студентка на психологија на универзитетот Ерасмус во Ротердам е избодена во својот стан.

Лицето осомничено за нејзиното убиство е уапсено минатата недела.

Во Холандија е строго забрането поседување оружје, а повеќето пукања што се случуваат во земјата се поврзани со натпреварување на криминалните групи.