Свет
18. јуни 2017 - 16:44

Ужас во Португалија - над 50 мртви во шумски пожар

Шумските пожари што бесенат во централниот дел на Португалија однесоа  најмлку 57 животи.   Повеќето од луѓето настрадале во нивните автомобили што биле заобиколени од пламените јазици покрај патот во областа Пердогао Гранди. Голем е бројот  и на повредени. Мегу нив има и 8 годишно девојче.

- Ова е сигурно најлошата трагедија во поглед на игзубени животи што можеме да ја видиме  во последните неколку години во шумските пожари во Португалија, изјави  Антонио Коста, премиер на Поругалија.

Огнената стихија им се закакува на неколку населби во областа. Во тек  е евакуација на населението.

- Бевме во куќата. Огнот беше насекаде околу нас. Пожарниакрите дојдоа и не иснесоа, бидејЌи одвај дишевме , раскажува жителка на Пердогао Грнади.

Активни се 60 пожари. На терен се 1700 пожарникати и над 100 противпожарни возила и канадери. Во гаснењето на пожаритепомогаат и шпански и француски канадери.

Високите темпреатури  и ветрот им ја ја отежнуваат работата на пожарникартите. Изминатите денови, Португалија  е зафатена од топлотен бран, со температури кои вчера во некои региони поминаа и 40 степени целзиусови.