Loading Video...
Свет
16. March 2018 - 19:15

Ужас во Мајами, 6 лица загинаа при уривање на пешачки мост

Пешачки мост од засега непозанти причини се урна  во Мајами при што загинаа најмалку 6 лица а  9 се повредени.  Мостот  над булевар со 6 ленти   бил довршен пред само неколку  дена и сеуште не бил пуштен во употреба а го поврзувал Мегународниот универзитет Флорида со студентскиот кампус.  Очевидци  за американските медиуми  изјавиле  дека купишта бетон и свтикан челик одеднаш паднале  врз автомобилите кои во тој момент се нашле под мостот со должина од 53 метри и тежина од 862  тони. Во тек е истрага за несреќата.