Македонија
11. October 2018 - 14:16

Ужас во Карпош: Пресретнал 12-годишно девојче, непристојно му зборувал и го нападнал, мајката го пријавила случајот во полиција

Вчера во 14.30 часот во Полициската станица Центар, 51-годишна жена од Скопје пријавила дека на претходниот ден околу 14 часот на улица „Борка Талевски“ непознато лице ја вознемирувало нејзината 12-годишна ќерка.

Според пријавеното, сторителот ја пресретнал и почнал непристојно да и зборува, по што се обидел физички да ја нападне, но девојчето избегало и не се пријавени повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.