Свет
27. July 2019 - 19:36

Ужас во јужнокорејски ноќен клуб, се урнала галерија - има загинати и повредени

Две лица загинале, а најмалку 16 биле повредени во инцидент што се случил при рушење на балкон во ноќен клуб во Јужна Кореја,  се срушил балкон на еден угостителски објект.

Меѓу повредените осуммина биле спортисти, учесници на Светското првенство во пливање.

Во моментот на несреќата во објектот имало над сто луѓе.

Полицијата веднаш уапсила еден од сопствениците на ноќниот клуб, а покрената била истрага која треба да утврди дали балконот бил дивоградба.