Фудбал
24. January 2018 - 22:15

Ужас во Германија: Млад тренер доживеа срцев удар на полувреме, натпреварот прекинат

Натпреварот на домаќинот Дармштат и Кајзерслаутерн во германската втора лига денеска е прекината бидејќи во текот на второто полувреме наеднаш му се слиши на тренерот на гостинскиот тим Џеф Штрасер.

Штрасер е одведен во болница, а германските медиуми пренесоа дека тренерот на Кајзерслаутен имал срцев удар.

Кајзерслаутерн потврди само дека 43-годишниот ренер е во болница.

Во моментот на прекинот резултатот бил 0:0.

„Драги наши навивачи, како што веројатно веќе знаето, натрепварот со Дармштад е прекинат. Причината е од здравствена природа и нашиот тренер Џеф Штрасер е префрлен во болница“.

"Иако многу го сакаме фудбалот, има многу поважни работи во животот“, соопшти Дармштад.