Живот
12. November 2018 - 22:31

Ужас: Украинците ги тренираат децата да убиваат Руси, еве што се прави во воени логори за деца

Деца, од кои некои имаат само по 8 години, ги учат да убиваат Руси и нивни приврзаници во еден воен логор кој го основаше украинската радикална нацистичка група.

Во воениот логор скриен во шума на западот на Украина, а кој го посетија новинари на АП, децата вежбааат со автоматски пушки.

 
 
Логорот е направен за да се обучуваат деца да војуваат и да се шири нацистичката идеологија.
 

Националистите беа обвинувани за насилство и расизам, но и натаму се рбет на доброволните одреди во борбата против прруските бунтовници на истокот од земјата и одржување на врските со владата во Киев.

Претходно годинава, украинското министерство за младина и спорт одвои четири милиони гривни (околу 150.000 долари) за финансирање на некои од националистичките младински логори.