Балкан
24. February 2017 - 13:13

Ужас: Таткото во последен момент спречил мајката да го убие бебето старо 40 дена

Бебе старо месец дена од Лазаревац се здобило со полесни повреди откако мајката, по расправија со сопругот, со сета сила го фрлила бебето во кревет.

Според извори од „Blic“ бебето се наоѓа во болница, а го донеле од социјалните служби откако случајот бил пријавен.

Настанот се случил на 20 февруари откако таткото пријавил дека мајката го малтретира детето.Тој на полицијата и раскажал дека неговата сопруга и претходно го малтретирала бебето.

Утврдено е дека детето нема видливи повреди, но било неухрането и не доволно развиено за таа возраст.

Старателство над бебето моментално има Центарот за социјални грижи, а мајката е сместена во болница.