Балкан
6. December 2015 - 9:34

Ужас: Таткото и направил дете, абортирала во поодмината бременост

Петнаестгодишната И.М. која ја силувал Д.М. (48) од село Прово кај Владимирац, морала да абортира во поодмината бременост и таа е сместена во специјалната установа за деца и лица со пречки во развојот.

Б.М. мајка на девојчето, пријавила во центарот за социјилна работа дека нејзиниот сопруг со месеци сексуално ја злоставувал нивната ќерка со пречки во развојот.

Лекарите утврдиле дека девојчето е во 25. недела од бременоста.

-Со оглед на тоа дека во прашање е малолетно лице со психички и физички пречки во развојот, етичкиот комитет во чиј состав биле лекари, психолози и социјални работници, донел одлука да се прекине бременоста кај девојчето, велат извори од истрагата.