Балкан
17. January 2017 - 19:26

Ужас: Среде зима во дворот на фабрика најдени 50 смокови

Членовите на Здружението „ЗОО Планет“ вчера од шахтите и цевките во близина на погоните на некогашната Електронска индустрија во Житораѓа извадиле 50 степски смокови, изјави претседателот на Здружението Душан Стојановиќ.

Тој укажа дека смоковите ги забележале работници кои се ангажирани на реконструкциајта на фабриакта и кои добиле задача низ шахтите да провлечат нови електрични кабли.

-Беше потребно околу три часа смоковите да ги извлечеме зошто главно беа во цевките кои ги врзуваат шахтите. Ги пронајдовме склучени и слабо подвижни зошто во текот на зимата се во фаза на хибернација, рче Стојановиќ.

Според неговите зборови, сите пронајдени змии се префрлени во дрвени кутии со слама, тн. хибернакулуми, и сега се наоѓаат во просториите на Здружението „Зоо планет“ во село Каменица, кај Ниш.

-Според договорот со Заводот за заштита на природата, смоковите ќе останат кај нас до мај. Тогаш ќе ги вратиме во природа, некаде покрај Житораѓа, истакна Стојановиќ. Тој додаде дека степските смокови не се отровни змии и најчести се меѓу змиите кои се наоѓаат во урбани средини.

Стојановиќ кажа и дека членовите на Здружението мината зима во училиштето покрај Житораѓа пронашле 15 смокови.