Живот
28. April 2016 - 9:55

Ужас среде улица: Брутално ја тепал својата жена пред ќеркичката!

Во главниот град на кинеската провинција Сичуан, Ченгду, се случил инцидент кога маж брутално ја претепал својата сопруга на улица пред ќерката, која цело време плачела.

На снимката се гледа како ја влече по улица и го фрла нејзиниот мобилен телефон, обвинувајќи ја дека го изневерува.

Девојчето цело време стои пред нив и плаче, а минувачите се обидуваат да спречат понатамошен судир.

Кога жената конечно успеала да стане, ја повлекла ќерката и тргнала кон улицата, но насилникот ја стигнал и продолжил да ја удира. Во тој момент притрчале случајните минувачи и помогнале.