Балкан
11. March 2017 - 20:57

Ужас: Силуван и тепан во затвор, мажот што 4 години живееше во стан со мртвата мајка

60-годишниот Тибор Новак стана познат во јавноста кон крајот на минатата година, откако беше откриено дека во центарот на Загреб живеел со мртвата мајка во станот цели 4 години.

Костурот на мајката во ноември минатата година го пронајде полициајта, и бил покриен со черги во собата од станот во Брозова улица, а потоа е откриено дека жената починала уште во 2012 година. Синот никому не пријавил дека е мртва, туку со трупот живеел додека не дошла полицијата.

Тој е осомничен дека ја оставил мајката во многу тешка состојба, не ја хранел и не ја водел во тоалет, иако знаел дека е неподвижна. Се сомнева полицијата дека умрела во тешки маки.

Во времето додека живеел со трупот на мајкаси, Новак бил и во љубовна врска, а партнерката често му доаѓала во станот. Наводно се распрашувала што има во собата во која го криел трупот, а тој и говорел дека собата е полна со стари работи и затоа од таму се чувствува смрдеа. Таа во една прилика го видела и трупот во креветот, но ја убедил дека мајка му само спие.

Ovde je živeo psiho

Новак во декември им се пожалил на правосудните полицајци дека го злоставувале четворица затвореници со кои бил во ќелија.

Го испратиле на преглед во затворската болница, а потоа и на клиниката „Ребро“ под сомнение дека е тешко повреден. Новак потоа е преместен во друга ќелија, а обвинителството отвори истрага.

Според сомнежите на обвинителството, мачењата почнале така што осомничениот 28-годишник во декември 2016 година го одвлекол Новак во затворскиот тоалет и таму го силувал.

Освен тоа мачењата продолжиле кога во кругот на затворот се дознала вистинската причина поради која Новак бил затворен во Реметинец.

Кога се дознало дека со години живеел со мртвата мајка, тројцата осомничени постојано го малтретирале Новак. Еден 28-годишен, еден 24-годишен и еден 44-годишен исто така во декември почнале со вербални напади кон него.

Постојаната вербална тортура продолжила се додека најстариот осомничен не ги наговорил другите двајца физички да се пресметаат со Новак.

Брутално го претепале, со намера да му нанесат тешки повреди.

Новак при нападите добил повеќе удари со тупаници во глава, грбот и ребрата, наведе обвинителството.